Пет милиони евра на располагање на Македонија и на Албанија на 3. повик за прекугранични проекти

Од:

Околу пет милиони евра се обезбедени за 3. Повик за предлог-проекти за прекугранична соработка (ЦБЦ) помеѓу Северна Македонија и Албанија.во рамки на ИПА-2. Ова беше истакнато на денешната онлајн прес конференција на амбасадорите на Европската унија во Скопје и во Тирана Дејвид Гир и Луиџи Сорека кои официјално го започнаа 3, Повик за предлог – проекти за прекугранична соработка помеѓу двете земји која се смета за клучен елемент на политиката на ЕУ кон нејзините соседи.

Амбасадорот Гир истакна дека ќе се поддржат проекти од областа на туризмот притоа промовирајќи го природното и културното наследство, за поддршка на локалните бизниси и конкурентноста, како и проекти за заштитата на животната средина, ублажување на последиците од климатските промени и превенција и управување со кризи. .

На онлајн прес-конференцијата учествува и Горан Милевски, министер за локална самоуправа Милевски и Зеф Мази, главен преговарач и Национален координатор за ИПА на Република Албанија. Милевски истакна дека досега двете соседни земји реализирале 14 проекти во вредност од близу 6 милиони евра во ИПА- периодот на програмирање 2014-2020 година (ИПА 2) во рамките на програмата ЦБЦ. Тој посочи дека тимови на двете земји веќе работат на подготовка и на новата програма за претстојниот ИПА 3 програмски период 2021 – 2027 која по одобрување од Брисел ќе биде основа за добивање нови средства за нови заеднички проекти во планираниот период

-Поддршката од ЕУ во рамки на ИПА инструментот за ЦБЦ за нас е многу значајна како две земји кои вложуваат огромни напори да го забрзаат развојот и да отпочнат преговори со ЕУ, но исто толку важна е и за граѓаните во регионот кои се соочуваат со зеднички проблеми и потреби и кои само со соработка можат да ги надминат на брз и подобар начин, Северна Македонија и Албанија се пример за добра прекугранична соработка со многу реализитрани заеднички проекти, со знаење вештини со веќе создадени партнерствга помеѓу општините, невладините организации, кои и во иднина ќе придонесат за уште поголема соработка во наредниот програмски период, рече првиот човек на Министертството за локална самоуправа.

Главниот преговарач и Национален координатор за ИПА на Албанија, Мази ги презентираше можностите за финансирање што се достапни во рамките на овој повик до општините од прекуграничната област.

-Ова е трет и последен повик од ИПА 2 Програмата за прекугранична соработка чиј успех лежи во посветеноста на партнерството меѓу двете земји претставени преку Министерството за европски и надворешни работи на Албанија и Министерствтоот за локална самоуправа на С Македонија. Постигнатиот успех е заеднички. Ги повикувам сите учесници кои претставуваат различни институции и здруженија да ги искористат можностите на овој повик, рече Мази.

Повикот за апликација на проекти е објавен на 11 ноември, а ќе биде отворен до 15 февруари 2021 година. Обезбедени се вкупно 4.930.000 евра. Одобрените проекти кои ќе се реализираат на територијата на нашата држава ќе ги кофинансира Министерството за локална самоуправа во висина од 15 проценти од признанените трошоци

Право да аплицираат во рамките на овој трет повик за предлог-проекти имаат.Полошкиот, Пелагонискиот и Југо-западниот регион од македонската страна и Корча, Дибер и Елбасан на албанската страна. По проект предвидени се најмногу 800.000 евра.

Северна Македонија има воспоставена прекугранична соработка со сите пет нејзини соседни земји.

Би можело да ве интересира

ЛДП предлага отповикување на градоначалници и широка расправа по однос на Законот за локална самоуправа

ВМРО-ДПМНЕ: Локалната самоуправа има три пати повеќе доверба од народот за разлика од власта

Пенов: Со изградба на стационар Владата го решава проблемот со бездомните кучиња во девет општини во Вардарскиот регион

Ана Ололовска

Пенов: Не сме задоволни од ангажманот на општините во прибирањето на сопствените средства

Ана Ололовска

Пенов: Со барањето за „заедница на албанските општини“ некој сака да лови политички поени

Ана Ололовска

Димитровски поднесе оставка од функцијата заменик-министер за локална самоуправа

Ана Ололовска