Паника на социјалните мрежи: Нападнати се 11 жени во Карпош 4, МВР демантира

Од:

На социјалните мрежи се појави информација со фотографија дека во населбата Карпош 4 во Скопје наводно биле нападнати 11 жени и притоа се извршени тешки кражби.

„А1он“ побара одговор од Министерството за внатрешни работи кои ги демантираше овие дезинформации што се шират по групите на Фејсбук.

„Во врска со вашите прашања упатени до нас за објави на социјалните мрежи за наводно нападнати 11 жени и наводно извршени 70 тешки кражби во Карпош, Секторот за внатрешни работи Скопје при МВР целосно ги демантира ваквите дезинформации.

Согласно статистичките податоци, периодот од 01.01.2023 до 14.02.2023 година на подрачјето на ЕВР Карпош пријавени се 2 (две) тешки кражби во куќи и 4 (четири) тешки кражби во станови за кои се преземаат мерки и активности за нивно расчистување“, велат од МВР.

Во однос на делот од прашањето за наводни напади на 11 жени на подрачјето на Карпош во полицијата во период од 01.01.2023 до 14.02.2023 пријавени се 2 (две) тешки кражби на дрзок начин и 1 (едно) кривично дело Обид за разбојништво. Кривичните дела се расчистени и против лицето Д.М. (39) од Скопје е поднесена кривична пријава до Основното Јавно Обвинителство.

Би можело да ве интересира

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби