Пациентот во Шпанија е негативен на заразната болест од која умираат 88 отсто од заразените

Од:

Мажот во Шпанија, за кој имаше сомнеж дека има смртоносна Марбуршка болест, е негативен ни нема вирус, соопшти денеска Министерството за здравство.

Здравствените власти во Валенсија претходно соопштија дека го откриле првиот сомнителен случај во земјата на смртоносната заразна болест, која стави во карантин повеќе од 200 луѓе во Екваторијална Гвинеја. Пациентот ќе биде повторно тестиран во наредните недели, за секој случај, велат официјалните лица.

34-годишниот, кој неодамна бил во Екваторијална Гвинеја, беше префрлен од приватна болница во одделот за изолација во болницата Ла Фе во Валенсија.

Тројцата здравствени работници кои го лекувале превентивно биле изолирани. Вирусот Марбург може да има стапка на смртност до 88 проценти, според Светската здравствена организација (СЗО). Нема одобрени вакцини или антивирусни третмани за негово лекување.

Би можело да ве интересира

Шпанија: Еден специјалец е мртов, а на друг му е ампутирана ногата – настрадаа додека проверуваа сомнителен ранец

Идентификувани 56 од 69 жртви во железничката несреќа во Шпанија, за преостанатите 13 е потребна меѓународна соработка

ВИДЕО: Објавена снимка од разговор пред трагедијата, нереди во Мадрид

Шпанскиот контролен центар имаше 17 минути да го спречи судирот – никој не реагираше

А1он

Железничка несреќа во Шпанија: Најмалку 64 загинати, околу 80 се повредени

(ВИДЕО) Откриена e причината за трагедијата во Шпанија