Општина Карпош ќе субвенционира 50 проценти од трошокот за ужинки за основците

Од:

Општина Карпош ќе субвенционира 50 проценти од трошоците за ужинки за основците кои посетуваат настава со физичко присуство.

На овој начин, велат од Општината, ќе се покрива 250 денари од трошокот, а останатите 250 денари ќе бидат обврска за родителот/старателот. Субвенцијата се однесува на второто полугодие од оваа учебна година, како и за учебната 2021/2022.

Оваа одлука, како што информираат од Општина Карпош, била донесена на вчерашната седница на Советот на Општината. Вкупната вредност на мерката за субвенционирање на ужинките е 3.600.000 денари.

Би можело да ве интересира

Стевчо Јакимовски повторно ќе се кандидира за градоначалник на Карпош

Реакција од општина Карпош во врска со барањата за легализација

Општина Карпош со реакција до кандидатот за градоначалник Сотир Лукровски: Дека детските градинки и основните училишта во општината се правни лица, а не се фирми

Горан Наумовски

Советниците од Карпош се противат на владината одлука за одземање на салата „Партизан“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Јакимовски: „Мајски цвет“ ќе се урива, на нејзино место ќе се гради нова и модерна градинка

Општина Карпош: Не можеме да се изначудиме како ВМРО-ДПМНЕ го укина „Член 62 а“ од Законот за градба