Опасен инцидент: Авион на НАТО се приближи до авион со рускиот министер за одбрана

Од:

Авион на НАТО сојузот од типот Ф-16 помина покрај авионот со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, во текот на летот над Балтичкото море, но го “истера“ друг руски авион, јави агенцијата ТАСС.

Во извештајот се наведува дека авионот на Алијансата се обидел да му пријде на авионот со рускиот министер иако бил над неутрални води.

Шојгу во тој момент патувал кон руската енклава Калининград.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков кажа дека нема никакви информации за инцидентот.

-Руски авион прелета покрај американски извидувачки авион во областа на Балтичкото море во понеделникот, рекоа вчера официјални лица и додадоа дека растојанието помеѓу двата авиони било околу 1,5 метри.

Би можело да ве интересира

Американски разузнавачи: Русија индиректно се приклучи на војната, помагајќи му на Иран во нападите врз американските трупи

„Вашингтон пост“: Русија го „храни“ Иран со разузнавачки податоци за американските воени објекти

(ВИДЕО) Мало дете падна од 8- ми кат: Стравична снимка кружи на мрежите

Предраг Петровиќ

Путин: Русија и Белорусија ќе ги користат сите расположливи средства за да обезбедат воена безбедност

А1он

Зеленски прогласи „победа“: Ја браневме слободата и знамето

Горан Наумовски

Масовен напад во Украина, „таргети“ се Киев, Харков, Запорожје и Криви Рог