Нетанјаху: Израел нема да ја заврши војната додека не го уништи Хамас и не ги ослободи сите заложници

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на состанок на владата изјави дека Израел нема да ја прекине војната додека не се постигнат сите негови цели – уништување на Хамас, ослободување на сите заложници и обезбедување дека Појасот Газа никогаш повеќе нема да претставува закана за Израел.

Нетанјаху повтори дека уништувањето на Хамас е главната воена цел на Израел, што, како што наведе, повлекува уништување на преостанатите седум баталјони на таа терористичка група, операциите за расчистување што израелската армија ги спроведува во рациите во северниот и централниот дел на Појасот Газа како и уништување на мрежата на подземни тунели на групата, што бара повеќе време.

Зборувајќи за потенцијалниот договор за ослободување на заложниците, Нетанјаху рече дека Израел нема да се согласи на никаков договор, по секоја цена, објави „Тајмс оф Израел“.

Нетанјаху рече дека не се точни информациите во медиумите дека Израел се согласил да ослободи голем број терористи.

Би можело да ве интересира

Началник на израелската армија: Ни се заканува колапс на армијата

Медиуми: Венс му се развика на Нетанјаху.. „Му ја продаде приказната на Трамп…“

Мерц за САД и Израел: Некои работи ни се нејасни

Израелската армија е пред колапс: „Немаме доволно војници“

Израел: Целта ни беше срцето на Техеран

Израел се откажa од елиминирање на иранските функционери: „Нема да остане никој за да се разговара“