Набензја: Војната ќе заврши со остварување на целите на Москва со преговори или по воен пат

Од:

Војната во Украина може да заврши само кога целите на Москва ќе се постигнат со преговори или воени средства, изјави постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации, Василиј Небензја, пренесува ТАС С.

„Можноста за прекин на специјалната воена операција во Украина ќе се појави дури кога Киев ќе престане да претставува закана за Русија и да ги дискриминира Украинците кои зборуваат руски. Доколку овој резултат може да се постигне преку преговори, ние сме подготвени за такво сценарио. Во спротивно, нашите задачи ќе бидат остварени со воени средства“, рече Небензја во петокот на седницата на Советот за безбедност на ОН за Украина.

Би можело да ве интересира

„Зеленски го загуби трпението, ги нападна Американците“

ВИДЕО: Зеленски тврди дека Русија ги нападнала бродовите во бугарски води, Софија не потврдува

ВИДЕО: Русија го напдна Киев со ракети и дронови, двајца мртви

Русија тестира необична одбрана од украински дронови: Балони треба да ги соборуваат од небо

Предраг Петровиќ

Русите продолжуваат со нападите врз украинските мостови

Над половина од руските нафтени капацитети се надвор од погон, тврди Украина