Му пишувал дека е свиња и дека ќе го коле на плоштад, Мицкоски за заканите од 39-годишниот маж

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека институциите, во согласност со своите надлежности, презеле соодветни мерки во врска со случајот против 39-годишен маж, кој преку социјалните мрежи го навредувал и му се заканувал дека ќе го заколе, и оти во рамките на правосудниот систем тој случај ќе биде решен.

– Јас во текот на вчерашниот ден дознав за овие закани што се напишани на социјалните медиуми од ова лице дека сум бил свиња и дека ќе ме колел на плоштад. Тоа лице упати пцости кон мене и моето семејство. Јас сум сепак институција, кога не би бил ова, знам како се решаваат тие работи, но претпоставувам дека институциите ги преземале мерките во согласност со своите надлежности и оти преку МВР тоа лице е обезбедено. Се надевам дека понатаму правосудниот систем ќе постапи и ќе го спроведе онаму каде што му е местото – рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање при посетата на ГП Табановце.

Утрово имаше информација дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 39-годишен жител на селото Черкези поради основано сомнение дека сторил кривично дело загрозување на сигурноста од член 144 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот во пораки преку социјалните мрежи го навредувал и му се заканувал на претседателот на Владата.

– Ценејќи ги околностите на извршување на делото, ризикот од бегство, а особено фактот дека осомничениот се јавува како извршител на други кривични дела од областа на насилниот криминал – насилство, лихварство и поголем број прекршоци за нарушување на јавниот ред и мир, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор – беше наведено во соопштението од Обвинителството.

Притоа, потенцираа од таму, во согласност со обезбедените докази во однос на претходното поведение на осомничениот, станува збор за конфликтна личност, која влегува во постојани расправии, закани и физички пресметки со пријавители, па се оценува дека постои реален ризик ваквите агресивни испади да прераснат во потешки кривични дела со животозагрозувачки последици со кои се заканува.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара привор за кумановецот кој му се закануваше на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Левица: Апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни и дека Државна лотарија не е државна

Мицкоски: „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг, паднаа во вода лагите од опозицијата

А1он

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

Мицкоски: Мора да успееме – народот научил како да преживува, а сега мора да научи како да победува во мир

А1он

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он