Левица: Братот на обезбедувањето на премиерот Мицкоски на платниот списокот на Лотарија

Од:

„Братот на обезбедувањето на премиерот Мицковски се најде на платниот списокот на Државна лотарија за донации и спонзорства и тоа, ни помалку ни повеќе, туку со 24.000 евра народни пари? Имено, Здружението „Визуел Продакшн“, чиј застапник е Лазар Гогов, брат на Вељо Гогов – обезбедување на премиерот Христијан Мицковски инкасирале над 1.5 милиони денари (околу 24.000 евра) државни пари како донации од Лотарија на Македонија“ соопштија денеска од Левица.

Од партијата велат „Од она што успеавме да пронајдеме за овие пари здружението „Визуел Продакшн“, ги добило за ангажирање на артисти за реализација на Д – фестивал во Дојран. Дали 24.000 евра се реална сума за ангажирање на артисти и за какви артисти станува збор?“.

„По кои критериуми токму тоа здружение заслужи 24.000 евра од Лотарија? Каков проект од „јавен интерес“ понуди ова здружение за да добие ваква сума на пари? Левица прашува дали парите во Државната Лотарија се пари на граѓаните, или личен фонд за наградување партиски послушници од Струмица и луѓе кои се во служба на премиерот на државата“ е ставот на Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Под власта на ДПМНЕ, фондовите трупаат станови, а граѓаните се задолжуваат до пензија за еден

(ВИДЕО) Јанчев: 10 години народен отпор против рудниците, а Божиновска ја олеснува инвестициската клима за странскиот капитал

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Божиновска: Ветивте ред во ова енергетско безредие – добивме „бунар без дно“ за богатење на вашите сопартијци

Левица: Сметките ви се високи поради Сања Божиновска – утре ќе одговара за крахот на енергетиката

Левица: Само левата идеја е државотворна

Горан Наумовски

Левица: „Стив Наумов“ веќе се распаѓа со водени ѕидови, расипано парно, пукнати цевки и мизерна храна