Кривична пријава за таткото на петнаесетгодишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје

Од:

Министерството за внатрешни работи информира дека е поднесена кривична пријава за неовластено поседување оружје против таткото на петнаесетгодишникот што управувал со автомобил во кој е пронајдено оружје.

– На 23.01.2025 околу 19.10 часот во с.Волково, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје запреле и извршиле контрола во патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки. Притоа, било констатирано дека возилото го управувал малолетник од Скопје, а во возилото било пронајдени пет пиштоли, од кои два пневматски и три огнено оружје, шест рамки и 16 куршуми различен калибар. По извршени проверки било утврдено дека за еден од пиштолите неговиот татко Д.Н. поседувал дозвола, додека другите два пиштоли ги поседувал без дозвола, информираат од МВР.

По документирање на случајот и во кооординација со јавен обвинител, против Д.Н. е поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.

Обвинителство претходно информираше дека Основното јавно обвинителство Скопје донело наредба за спроведување истражна постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Оружјето било пронајдено во автомобилот што го управувал малолетниот син на осомничениот. Детето кое месецов наполнило 15 години било запрено од полицијата додека возело во Волково во вечерните часови на 23 јануари, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот татко – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице, одземање на патната исправа, одземање на возачката дозвола, но и забрана за неговиот малолетен син, други малолетни лица или други неовластени лица да имаат пристап во просторија или во домот каде што има огнено оружје.

Би можело да ве интересира

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Филипче и Заев преку државните институции и правосудството под нивна команда, сакале за багателна цена да ја земат клиниката Жан Митрев

Лишени од слобода две лица од Марена, во „мерцедес“ носеле огревни дрва без документи

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност