Косово на полноќ ја одложи одлуката за еден месец

Од:

Владата на Косово донесе одлука за еден месец да го одложи спроведувањето на одлуките за реципроцитет на личните карти со Србија и за регистарските таблички.

Владата на Косово соопшти „дека спроведувањето на двете одлуки се одложува до 1 септември 2022 година“.

Претходно амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер, соопшти дека ја завршил средбата со претседателката на Косово, Вјоса Османи и со премиерот Албин Курти.

Ховениер рече дека побарал од лидерите на Косово да го одложат за 30 дена спроведувањето на одлуките за пререгистрација на возилата со српски регистарски таблички со косовски и за укинување на личните карти издадени од Република Србија.

Би можело да ве интересира

Одаловиќ: Органи на Срби од Косово се продавани во странство

Вучиќ: Загрозени сме од воениот сојуз на Хрватска, Албанија и Косово, ќе ја браниме нашата територија

Катерина Ѓуровски

Симиќ: Во експозето на Курти нема Срби, ниту пак правата што ни се гарантираат со Устав не ни се загарантирани

Избрана нова влада во Приштина, Курти е премиер по трет пат

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Курти доби мандат за формирање на нова косовска Влада