Косово нема да бара прием во меѓународни организации до 2023 година

Од:

Косовската влада го одбори планот според кој Приштина нема да бара прием во меѓународните организации до 2023 година. Косово во овој период нема да бара прием ниту во Советот на Европа, Светската здравствена организација, Светската трговска организација и УНЕСКО.

„Следната година ќе биде направен само список со меѓународни организации од посебно значење за Косово. За 2022 година планирано е да се подготват пријавите и евентуалното пријавување во помали организации. Во 2023 година предвидено е пријавување за членство во организациите кои имаат големо значење“ – информираат од владата на Косово.

Премиерот Авдулах Хоти во септември го потпиша Вашингтонскиот договор во кој предвидува едногодишен мораториум за пријавување на Косово во меѓународните организации.

Би можело да ве интересира

Атифете Јахјага негира каква било поврзаност со досието Епштајн

А1он

Во возило во Приштина пронајден е мртов политичар од партијата на Харадинај

А1он

Поплави во Косово – Курти тврди дека ситуацијата е под контрола

А1он

ВИДЕО: Поплави во Косово, блокирани патишта

Три лица преку ноќ исчезнаа во Косово – полицијата детално истражува

Горан Наумовски

Формирањето на косовската влада повторно не успеа, Османи го распушти парламентот