Кина ги обвинува САД дека се однесуваат како „светски судии“

Од:

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ги обвини Соединетите Американски Држави дека се однесуваат како светски судија со тоа што го притворија венецуелскиот претседател Николас Мадуро за судење во Њујорк, додавајќи дека суверенитетот и безбедноста на сите држави мора да бидат целосно заштитени со меѓународното право.

– Никогаш не сме верувале дека која било земја може да дејствува како светски полицаец, ниту пак прифаќаме дека која било земја може да се смета себеси за светски судија, му рече Ванг на својот пакистански колега за време на состанокot во Пекинг, осврнувајќи се на ненадејните случувања во Венецуела без директно да ги спомене Соединетите Американски Држави.

Мадуро денес ќе се појави на суд во Њујорк, каде што ќе се соочи со обвиненија за трговија со дрога, соопшти агенцијата.

Само неколку блока подалеку, Советот за безбедност на ОН ќе се состане на барање на Колумбија, со поддршка на Кина и Русија, за да разговара за одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп да го притвори, потег за кој генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупреди дека може да постави опасен преседан.

Аналитичарите велат дека Кина, втората по големина економија во светот и водечки глобален трговски партнер, ќе игра клучна улога во собирањето критики за постапките на Вашингтон.

„Кина нема многу материјална помош да ѝ понуди на Венецуела во моментов, но реторички ќе биде многу важно кога ќе го предводи нападот во ОН и меѓу другите земји во развој за да го мобилизира јавното мислење против САД“, рече Ерик Оландер, коосновач на проектот Кина – Глобален Југ.

„Во случаите на Зимбабве и Иран, кои се под западни санкции, видовме дека Кина ја демонстрира својата посветеност на тие односи преку трговија и инвестиции, дури и во тешки околности“, додаде тој.

Откако Трамп се закани со воена акција против Колумбија и Мексико и рече дека комунистичкиот режим на Куба изгледа подготвен сам да се распадне, латиноамериканските земји кои се приклучија на Иницијативата за глобална безбедност на кинескиот претседател Си Џинпинг сега може да се прашуваат како договорот би ги заштитил во случај на криза.

Си денес ги повика сите земји да го почитуваат меѓународното право и принципите на ОН, нагласувајќи дека големите сили треба да дадат пример, но без директно да ги спомене САД или Венецуела.

Би можело да ве интересира

Порака од Москва за Америка: „Не си играјте игри со Русија“

Американски коментатор: Нафтата од Венецуела не ѝ е потребна на Америка, туку на Кина, и затоа го уапсивме Мадуро

Трамп ги испрати маринците во потера; венецуелски танкер бега кон Русија

Предизвик од Колумбија: Доналд, дојди по мене, тука сум

Америка за присвојувањето на Гренланд: Сакате да верувате дека блефираме?

ВИДЕО: Американскиот министер за одбрана ја исмеа руската воздушна одбрана во Венецуела

Предраг Петровиќ