Ирански власти ќе спроведат јавно судење на 1.000 учесници во немирите

Од:

Судските власти во Иран ќе спроведат јавни процеси против околу илјада лица обвинети за немирите во Техеран, објавуваат светските агенции повикувајќи се на информација на иранската агенција „Тасним“.

Серија протести се одржуваа низ земјата шест седмици по насилната смрт на младата Иранка, Махса Амини, која почина во притвор каде беше сместена поради носење несоодветна облека.

Протестите, еден од најголемите предизвици за духовното раководство на Иран од револуцијата во 1979 година, продолжија и покрај се построгите предупредувања. Командата на Исламската револуционерна гарда во саботата отворено ги предупреди демонстрантите да не излегуваат на улиците.

Иранските лидери ги опишаа протестите како непријателски заговор против Исламската Република, вклучително и од страна на САД и на Израел. Во протестите се вклучија луѓе од сите слоеви на општеството, а водечка улога имаа студентите и жените кои ги симнуваа и палеа шамиите.

Новинската агенција „Тасним“, повикувајќи се на главниот судија на провинцијата Техеран, јави дека оваа семица пред Револуционерниот суд ќе се одржат јавни судења на околу илјада луѓе осомничени дека „извршиле саботажа за време на неодамнешните настани, како што се напади или политички мотивирани убиства на членови на безбедносните сили и опожарување јавна сопственост“.

Иранските власти брутално ги сузбиваа протестите. Непотврдени извори јавија дека во немирите саботата биле убиени 283 демонстранти, од кои 44 малолетници, како и 34 припадници на безбедносните сили.

Би можело да ве интересира

Греам тврди: Сенаторите се за ангажман на САД во Иран

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Иран: Голем број вреќи во кои се телата на убиените демонтранти

Сар: Израел ја поддржува борбата на иранскиот народ за слобода

Калибаф: Ако нè нападнете, ќе возвратиме уште посилно

Трамп разгледува опции против Иран, иранскиот режим уби најмалку 538 луѓе за две недели

Нетанјаху верува во нови односи меѓу Израел и Иран по падот на режимот во Техеран