И Вучиќ се слушна со Трамп: Одличен разговор, најголема поддршка имаше од Србија

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ разговараше со новоизбраниот претседател на Америка, Доналд Трамп.

„Одличен разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Срдечен и значаен. Верувам во посилно партнерство со САД под водство на претседателот Трамп“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Благодарен сум на претседателот Трамп бидејќи знаеше многу работи за Србија. Ги спомна дури и спортските успеси на нашата земја“, изјави Вучиќ.

Вучиќ додаде дека „изразил надеж дека Трамп ќе ја посети Србија“.

„Бидејќи поддршката за неговиот избор беше најголема во цела Европа. Претседателот Трамп се заблагодари за огромната поддршка што ја доби од граѓаните на Србија и српскиот народ“, додаде Вучиќ.

Тој рече дека верува оти во наредниот период ќе може да разговара за натамошно унапредување на нашите односи на сите полиња.

„Сигурен сум дека со поддршка од нашите пријатели, меѓу кои ја вбројувам и целата придружба на претседателот Трамп, која беше со него за време на разговорите, ќе успеат да ја направат Америка голема, а Србија пристојна земја која ќе може добро да соработува со САД, рече Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Трамп: Зеленски одби моќна американска муниција бидејќи нема авиони

А1он

Трамп му предложил на Зеленски средба со Путин – во Москва

Трамп повторно објави мапа: Овојпат Ормускиот теснец го нарече „Трампов теснец“

Белата куќа му забрани на Си-Ен-Ен да патува со Трамп во „Ер форс 1“

ВИДЕО: Читачка на усни откри што наводно зборувале Венс, неговата сопруга и Иванка Трамп за време на пречекот на Си

Предраг Петровиќ

Вучиќ со Лавров во Њујорк: „До крајот на септември ќе потпишеме нов договор за гасниот аранжман со Русија“