Гувернерот на Доњецк: Русите маршираа по телата на сопствените војници

Од:

Регионалниот гувернер на Доњецк Павло Кириленко сподели вознемирувачки детали за ситуацијата на теренот. Претходно медиумите објавија дека Украина тврди дека во битката за Соледар во последните 24 часа загинале над 100 руски војници.

„Русите буквално маршираа по телата на сопствените војници, изгореа сè што им беше на патот“, рече тој, додавајќи дека руските сили изминатиот ден гранатираа десетина градови и села во регионот.

Руските сили користат минофрлачи и ракети за да го бомбардираат Соледар во офанзива, борејќи се за пробив во 11-месечната војна.

„Цивилите се обидуваат да преживеат среде ова крвопролевање додека Русите продолжуваат со своите напади“, рече Кириленко.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рекордни цени на дизелот во САД, Трамп го обвини Зеленски

Фон дер Лајен предупредува: „Русија нè тестира“

Лавров: Да не се повлечеа Американците, ќе живеевме во мир веќе една година

Закана од клучниот човек на Путин: „Варшава може да ја снема за 2-3 дена“

Катерина Ѓуровски

Борбен авион на НАТО собори дрон над Литванија

ВИДЕО: Трамп бара од Зеленски да прекине со нападите на руските рафинерии