Граѓаните протестираат, партиите кои се менуваат на власт се обвинуваат за загадувањето

Од:

Шест месеци како власта на ДПМНЕ ја презеде одговорноста за жал гледаме дека нешто сериозно не се презема. Граѓаните се оставени сами на себе, рече денеска на прес конференција поранешната министерка за животна средина од СДСМ Каја Шукова.

– Скопје, главниот град на нашата држава, повторно е на листата на најзагадени градови во светот. Според извештаите на УНИЦЕФ, граѓаните на Скопје, Тетово, Куманово и Велес дишат загаден воздух повеќе од три месеци. Светската банка, пак, алармира дека загадувањето годишно убива 2.800 наши сограѓани. Владата на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не само што не презема сериозни мерки, туку дополнително ги намалува средствата за борба против загадувањето на воздухот за 51% а во буџетот 2025 година ги нема ниту еколошките програми кои со години се реализираа успешно, вели Шукова која потсети и на тоа тие како влада направиле.

– Владата на СДСМ преземаше низа на мерки во борба против загадувањето на воздухот. Почнувајќи од стратешките инвестиции во гасификацијата, проектите за еколошки јавен транспорт, конкретни мерки за финансирање на замена на нееколошки системи во домаќинството, јавните установи, градинки, училишта, мониторинг системи и така натаму. Овие мерки и политики дадоа резултат и затоа требаше да бидат продолжени и надградени. Фактите говорат дека просечните годишни концентрации на најкритичната загадувачка честичка PM10 и PM 2.5 во последните пет години (2020-2024) се намалија како резултат на успешно преземените мерки и инвестиции, и тоа е евидентно од податоците на државниот мониторинг-систем, вели Шукова.

Некои мерки што сега се презентираат како „нови“ од сегашната Влада се всушност продолжение на нашите успешно спроведени политики. На пример:

● Мерката за „квалитетно огревно дрво“ беше воведена од СДСМ и поддржана со интензивни медиумски кампањи со наслов „Топли препораки“

● Субвенциите за замена на нееколошките системи за греење со инвертер клими и други еколошки опции се доделуваат веќе години наназад

● Градот Скопје уште во 2020 година воведе бесплатна услуга за отстранување на остатоци од бербата за да се спречи палењето стрништа, тврди Шукова.

Експресно реагираше ВМРО-ДПМНЕ со тврдење дека „седум години СДС не успеа ни 1% да го намали загадувањето на воздухот“.

– Нивните прес-конференции каде што критикуваат за загадувањето на воздухот, се крајно лицемерни. СДС со нивниот криминален партнер ДУИ, наместо да се занимаваа со намалување на загадувањето на воздухот, тие гледаа како повеќе да го наполнат својот џеб. За разлика од нив, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ преку конкретни чекори ќе се бори против загадувањето на воздухот. Некои од мерките се, субвенции за инвертер клими, финансиска поддршка за еколошки технологии, пошумување и забрзана гасификација, како и иновативни решенија за одржлива иднина, се вели во писмената реакција од СДСМ.

Би можело да ве интересира

„Од смогот не се гледа иднината“ – Протест за чист воздух

Во Скопје втор протестен марш против аерозагадувањето

Катерина Ѓуровски

Во Скопје протестен марш против аерозагадувањето

А1он

Зелен хуман град: Пропаднаа мерките за спречување на аерозагадувањето во Град Скопје

Зелен хуман град: Го одбиваме буџетот на Град Скопје за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Зелен Хуман Град: 15 предлози за намалување на аерозагадувањето преку Град Скопје

Ана Ололовска