Граѓаните да штедат, а Владата плати 400.000 евра за Саемот на вино во Србија – за Ковачевски нема ништо спорно

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски повика на штедење на електрична енергија, но нема забелешки за потрошените 400.000 евра на Саемот на вино во Србија. Додека најавуваше дека во владиното бифе нема да се јадат октоподи и пастрмки, смета дека е оправдано да се дадат овие пари за реклами по социјални мрежи и поддршка на винарии. Пред јавноста вети дека детално ќе образложи на што точно се потрошени.

„На македонската вечер имаше сигурно над 400 гости од сите држави кои практично се дел од Отворен Балкан, но и држави надвор од регионот. Имавме успешно презентирање на нашата држава, бидејќи во центарот на соседна земја да направите промоција на се што е македонско, тоа е голема работа. Таму постоеше можност за вмрежување, разговор на политичко и економско ниво, имаше претставници од САД и ЕУ. За точните суми, кога ќе бидат обработени фактурите“, вели Ковачевски.

За таканаречената македонска вечер, биле потрошени околу 70.000 евра. Иако нервирате бараа објаснување на што се дадени, не добија одговор. Сепак, Ковачевски смета дека Владата со која раководи е транспарентна.

„Ова прашање јас ќе ви го одговорам. Целата сума вклучува и поддршка за винариите кои беа на саемот. Беа 42 винарии, бевте, видовте. Имавме цела рекламна кампања на македонски, албански и српски јазик. Одеше на социјалните медиуми. Сите фактури откако ќе бидат процесирани, тие се дел од системот Отворени финансии. Ме зачудува фактот што го зборувате за транспарентноста, бидејќи Владата е оценета со 100 проценти ефикасност“, додаде премиерот.

Саемот на вино во Белград се одржа од 1 до 4 септември.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Закани и блокади не враќаат назад во минатото, никој не смее да си поигрува со иднината на државата

Ковачевски: Македонија, нема повеќе време за чекање, нема откажување од иднината

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов

Ковачевски: Мицкоски мисли на мораториум за членство во ЕУ

Мицкоски: Да беше тендер за ДУИ и Артан, Ковачевски веднаш ќе го сфатеше значењето на националното единство

Катерина Ѓуровски