Градоначалникот на Аматриче: По земјотресот, градот повеќе го нема

Од:

Аматриче е градот кој повеќе го нема. Со емотивен тон, вака, градоачалникот на Аматриче во Централна Италија, Серџио Пироци ја искажа тагата по силниот земјотрес од 6,2 степени по Рихтеровата скала кој го погоди местото.

Тој за РАИ изјави дека жителите се затрупани под урнатините, дека нема струја и потребна е тешка механизација за да се отстрани сиот неред од земјотресот.

Градот повеќе го нема, рече тој.

Истото подрачје во 2009 година го погоди земјотрес со магнитуда од 6.3 степени, кога погинаа над 300 луѓе. Аматриче еднаш беше уништен од земјотрес во 1693 година.

Би можело да ве интересира

Почувствуван земјотрес во југоисточна Македонија, епицентарот во Грција

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

Франција e погодена од силен земјотрес

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција

Земјотрес почувствуван во државава, епицентарот во Грција

Земјотрес почувствуван во западните и југозападните делови на Републикава, епицентарот во Грција