Гир: Регионалните иницијативи не се алтернатива за членство во ЕУ

Од:

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир, на денешниот панел „Регионалните иницијативи и европската интеграција“, рече дека регионалните иницијативи не се алтернатива за членство во ЕУ, туку служат да се донесат клучни играчи за да отворат дискусија за прашања од заеднички интерес и сето тоа е поддржано од Унијата.

– Се наоѓаме во време кога имаме одреден моментум и динамизам. Постојано велиме дека добрососедските односи прават добар процес на евроинтеграција, тоа е столбот на евроинтеграцијата. Оваа држава има солидна репутација во регионот во промовирање на дијалог и соработка и безбедност. Пренесувајќи ги своите искуства на меѓународен план, ние го видовме ова преку Преспа форумот, а сега Северна Македонија беше и домаќин на Договорот помеѓу Србија и Косово, рече Гир на панел-дискусијата што се одржа денеска во МНР во организација на Дипломатскиот клуб – Скопје и Универзитетот Американ колеџ Скопје (УАКС), по повод Денот на македонската дипломатија 29 април.

Гир потсети дека Северна Македонија направи голем прогрес на својот евроинтегративен пат во последните неколку години што кулминираше да се отвори преговарачкиот процес минатиот јули.

– Како што земјата оди напред со очекуваните промени во својот Устав и се надевам ќе биде можно овие дискусии да бидат проследени на еден инклузивен и толерантен контекст каде дури постојат големи разлики, рече Гир.

Тој оцени дека регионалната соработка и регионалната ЕУ интеграција треба да одат заедно рака под рака.

– Тие се комплементарни и се поврзани со концептот што го почнавме. Сега дискутираме за заеднички пазар на Западен Балкан како елемент за интеграција. Ова беше усвоено во Софија во 2020 година, што значи слободно движење на услуги капитал и луѓе. Покривање аспекти на дигитализација, инвестиции и иновации и индустриски политики, сето тоа може да промовира подобра регионална економска интеграција, како и витална интеграција во пазарот на ЕУ, рече Гир.

Гир е согласен дека треба да се отстрани митот за ваквиот заеднички балкански регионален пазар, што, како што рече, нема да одврати ниту алтернатива на вашиот пат за ЕУ интеграција.

– Минатата недела македонскиот Парламент го ратификува значи слободното движење на стоки и на пазар на регионалниот балкански пазар. Тоа е навистина позитивна оценка. Многу е важно сите играчи да имаат улога во еден заеднички регионален пазар и да прават заеднички напори. Заедничкиот пазар на Западен Балкан не е добро разбран, треба повеќе да се објасни на пошироката јавност дека тоа е важен инструмент за просперитетот и стабилноста на регионот, оцени евроамбасадорот.

Според него, треба да се придонесува за дигитална трансформација на регионот, подобро поврзување на граѓаните и бизнисите.

– Уште една голем практичен чекор ќе биде експанзија на т.н. зелени ленти на самите граници, нешто што сите се обврзаа. Тоа навистина ќе ја олесни царинската документација, царинските постапки за смарт транспорт и за одржливи конективности. Албанија, Северна Македонија и Србија сите заедно сакаат да ја подобрат регионалната соработка во економската интеграцијата преку иницијативата Отворен Балкан, порача Гир.

Според Антони Пешев, извршен директор на Стопанска комора, се стекнува впечаток дека најголем дел од овие иницијативи се чисто политички и дека се измислени во кујните на политичките елити и во изминатиот период тие биле направени само за да се покаже дека нешто се случува.

– Можеби политички изгледа дека Отворен Балкан е растурање на глобалната иницијатива и филозофија на наше приклучување кон ЕУ, но бизнисот, животот, не може да чека, тоа мора да го имаме предвид кога разговараме за политичките трендови, вели Пешев.

Тој истакна дека пред 20 години бил голем оптимист за нашата европска интеграција, а пред 15 години почнал да имам дилеми за нашето европско интегрирање.

– А денес кога ги анализираме роковите во кои ние би влегле во ЕУ се споменува годината 2030 како оптимистичка година, но моја проценка е дека тоа ќе биде за 15 години. Клучното прашање што се поставува е што да правиме дотогаш? Како да се развива Македонија која според интенциите да ја стигне Европа во своите економски заложби го допре плафонот. Плафонот не е поставен само политички, плафонот е поставен и од аспект на тоа колкав е пазарот на кој вие можете да го развивате својот бизнис, рече Пешев.

Тој нагласи дека Северна Македонија и натаму има една држава од ЕУ со која има извонредни економски односи, тоа е Германија, а факт е дека втората држава со која има добра економска соработка е Србија.

– И во таквата варијанта гледајќи што се случува во регионот, во Комората сфативме дека важно е да имаме феноменални комуникации барем со нашето најблиско опкружување, оцени Пешев.

Би можело да ве интересира

Гир: Да се исполнат препораките од ОЛАФ, нема да се намалат средствата за Еразмус+

Горан Наумовски

Гир: Не се точни тврдењата дека ЕУ не ја сака Македонија

Скопската Итна помош доби седум амбулантни возила како донација од ЕУ

Гир: Загрижува слабата имплементација на препораките на Антикорупциска

Гир: Во изборниот период важно е медиумските актери да известуваат на отворен и непристрасен начин

Гир: Политичките партии да понудат јасен избор на електоратот, да се спречи поларизација и дезинформации