Герасимовски: Ветеното кон пензионерите целосно исполнето, отворени сите три пензионерски клубови

Од:

Општина Центар за помалку од една година отвори три пензионерски клуба со што го исполни ветувањето и барањето на пензионерите во предизборниот период. Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска го отвори пензионерскиот клуб кој го носи името на најмладиот партизан Миле Арсовски кој со своите 16 години жестоко се борел за ослободување на Скопје информираат од прес службата на Општината.

„Денеска за помалку од една година од мандатот успеавме да го исполниме барањето на пензионерите во предизборниот период кое се однесуваше на отворање на три пензионерски клуба на локации кои самите ни ги посочија. Навистина ми е чест и задоволство да соопштам дека овој пензионерски клуб го носи името Миле Арсовски, име на најмладиот народен херој кој живеел близу оваа локација. Благодарение на храброста на нашите борци денес живееме во слобода и од нашите највозрасни граѓани слушаме за неизмерната љубов и пожртвуваност на партизаните кон татковината“, изјави Герасимовски.

Општина Центар минатата недела го отвори пензионерскиот клуб во просториите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ каде највозрасните граѓани од Крњево и Кале ќе може да се сретнуваат и дружат.

Општина Центар исто така за пензионерите го спроведува и проектот „Нега на стари лица во домашни услови“ со што обезбедува домашна нега од лиценцирани негуватели, физиотерапевти и психолози на 90 корисници со полни 62 години. Во соработка со „Банка за храна“ Општина Центар секој месец доделува пакети со храна и хигиенски производи за пензионерите со ниски примања.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата