Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Од:

Членството во НАТО е резултат на стратешките, визионерските државнички политики на Социјалдемократскиот сојуз изминатите повеќе децении, изјави денеска на прес-конференција во Собранието, претседателот на СДСМ и пратеник, Венко Филипче, по обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте кој е во официјална посета на земјава.

– Имавме прилика да го слушнеме неговото обраќање во Собранието. Би рекол дека членството во НАТО е резултат на стратешките, визионерските, државнички политики на Социјалдемократскиот сојуз изминатите повеќе децении. Тој пат не беше лесен, меѓутоа сега конечно ние може да се чувствуваме безбедни, нашите граници загарантирани. Поради тоа што, благодарение на тие политики, сме дел од најголемиот безбедносен сојуз во светот. Колку е тоа важно, гледаме сега, посебно во овие кризни времиња кога во повеќе места во светот има војни, истакна тој.

Филипче рече дека Руте во своето обраќање упатил јасни пораки до Владата.

– Пораката кон Владата, сметам дека е јасна. Повеќе оваа Влада ништо не може да сокрие, а тоа е дека имаме еден вицепремиер којшто негува отворени врски со Русија, а тоа е вицепремиерот Стоилковиќ. Вториот човек во Владата се среќава со ноќните волци коишто се во директна комуникација со рускиот претседател Путин, агресорот во Украина, нагласи меѓудругото Филипче.

Ова е, рече претседателот на СДСМ, сериозен сигнал дека нашиот одбранбен чадор, раководството на алијансата, знае точно какви политики води нашата Влада и укажува на тоа, јасно и отворено во нашиот Парламент.

Би можело да ве интересира

Руте: НАТО не е вклучен во последните случувања на Блискиот Исток, но ќе го одбрани секој дел од својата територија

Марк Руте: НАТО нема да учествува во акции против Иран

А1он

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

(ВИДЕО) Филипче до Мицкоски: Ги оставивте работниците без поголеми плати

Горан Наумовски

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците