А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Uncategorized

Европскиот суд за човекови права запира со известувања за пресуди, но ќе продолжи со работата

by А1он27/03/2020 - 13:2827/03/2020 - 13:33213
Share0

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП), кој веќе објави дека презел „исклучителни мерки“ за негово функционирање како резултат на кризата со коронавирусот, денеска објави дека нема повеќе да известува за своите одлуки се до продолжување на нормалната активност, јави дописникот на МИА.

Добивај вести на вибер

-Судот одлучи да не известува повеќе за своите пресуди и решенија до продолжување на нормалната активност. Како резултат на тоа, со исклучок на Големиот судски совет и особено итни случаи, Судот ќе продолжи да усвојува пресуди и решенија, но ќе ја прекине изреката до повторно нормално работење “, се вели во соопштението на Судот во Стразбур.

Од понеделник на 16 март, во контекст на глобалната здравствена криза, Судот донесе голем број на исклучителни мерки. Во согласност со мерките за ограничување усвоени од земјата-домаќин, и со олеснување на работата и електронска комуникација, основните активности на Судот (особено обработката на приоритетни случаи) продолжија да бидат осигурани, како и приемот на жалбите и нивните доделувања на надлежните судски формации.

Во овој период, само лицата – судиите и членови на регистарот – чие присуство физички беше од суштинско значење можеа да влезат во зградата на Палатата за човекови права, и тоа на доброволна основа и во строга согласност со санитарните мерки препорачани од властите.

Се работи и на привремени мерки што се применуваат според Член 39 од Деловникот на судот, главно, во случаи на протерување и екстрадиција, за да можат да бидат разгледани.

Шестмесечниот рок за поднесување на жалба, предвиден во член 35 од Европската конвенција човекови права е исклучително суспендиран за период од еден месец од понеделник на 16 март 2020 година. Сите временски рокови во постапките кои се во тек се суспендирани за период од еден месец, почнувајќи од понеделник на 16 март 2020 година.

Во исто време, со писмена постапка, Големиот судски совет успеа да ја продолжи својата работа за одредени предмети, додека другите судски совети коморите пресуди во врска со 15 предмети и решенија за 26 жалби, а комитетите донесоа пресуди за 49 жалби и решенија за 146 жалби.

Притоа беа доставени во писмена форма и објавени во Хадок: десет пресуди (вклучувајќи две од Советот и осум од комитетот) на 17 март; шест пресуди (една од Советот и пет од комитетите) и 19 решенија на 19 март; 14 пресуди (шест од совети и осум од комитетите) на 24 март; како и 18 пресуди (пет од советите и 13 од комитетите) и 59 решенија на 26 март.

evropski sud za covekovi prava

Би можело да ве интересира

Стразбур ја задолжи државата да си го исплати долгот кон приватниците

А1он05/12/2025 - 12:5705/12/2025 - 13:35

ДКСК: Со изземање на службеното лице ќе се избегне директно или индиректно влијание врз носењето на одлуката на Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права

Предраг Петровиќ12/11/2025 - 19:14

Судии, обвинители, адвокати-вкупно 21 кандидат за судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур

Горан Наумовски03/05/2025 - 12:26

Спиро Ристовски неоправдано бил држен во притвор за „27 април“ одлучи судот во Стразбур

Катерина Ѓуровски16/01/2024 - 13:4316/01/2024 - 14:23

Европскиот суд за човекови права утврди повреда на правото на слобода на движење

Горан Наумовски25/10/2023 - 10:31

ВМРО-ДПМНЕ: Владата да не слави за одлуката во Стразбур, судот само констатира дека апликациите се преуранети

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 13:00
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен