Димитров пред амбасадорите на САД во регионот на ЈИЕ: Продуцираме идинина, за доброто на нашата земја и за регионот

Од:

Завршивме голема работа, направивме големи работи кои не се прават често во регионот, а тоа се компромиси. Продуцираме идинина, за доброто на нашата земја, но и за регионот, порача вечерва министерот за надворешни работи Никола Димитров пред амбасадорите на САД во регионот на Југоисточна Европа за кои приреди работен прием, кои пак, под раководство на заменикот помошник државен секретар и специјален претставник за Западен Балкан, Метју Палмер, одржуваат советување во Скопје.

Како што соопштија од Министерството за надворешни работи, министерот Димитров истакнал дека ваквата средба е дополнителна потврда и за цврстото и продлабочено партнерство меѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, додавајќи дека регионалното советување на амбасадорите на САД во Скопје претставува можност и за продлабочена размена на мислења со земјата домаќин за значајни прашања од заеднички интерес.

Во обраќањето пред амбасадорите на САД во Северна Македонија, Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Бугарија, Грција и Албанија, високите претставници на Стејт Депертментот и претставници на Министерство за надворешни работи, министерот Димитров се заблагодари и за неодамнешната ратификација на пристапниот протокол за НАТО во американскиот Сенат, а ја потенцираше и важноста на Стејт Департментот во профилирањето на американската политика на продлабочена соработка и стратешко партнерство со Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он

„Тешка“ средба меѓу дипломатите на ЕУ и Иран за нуклеарната програма пред враќањето на Трамп

Грузија ги прекина преговорите со Европската унија

А1он

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ