Дали Западот води тајни преговори со Киев: Војната е во застој

Од:

Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека Украина нема да направи никакви отстапки за Русија за да се постигне прекин на огнот. Коментарите на украинскиот претседател уследија по извештајот на NBC за тајните разговори што САД и ЕУ ги водат со Киев за мировните преговори со Русија и интервјуто што врховниот командант на украинските вооружени сили, генерал Валериј Залужни, го даде за The Economist, во кое тој рече дека војната е во „застој“.

Зеленски оттогаш ја отфрли позицијата на генералот и ги негираше извештаите дека Украина е под притисок за воени разговори. Киев тврди дека неговите цели се да ги истисне руските трупи од целата окупирана територија и да го врати Крим, полуостров што Русија го зазеде во 2014 година.

Украинскиот претседател повтори дека главен услов за завршување на војната е „враќање на територијалниот интегритет, правата и слободата на граѓаните“. „Втората фаза од војната е враќање на правдата“, рече тој.

„Враќањето на суверенитетот е клучен принцип за завршување на војната“, рече тој. „Меѓутоа, Русија во моментов едноставно не го сака тоа и го замислува светот на свој начин“, им рече Зеленски на студентите на Универзитетот „Анахуак Керетаро“.

Украинскиот лидер рече дека не им држи лутина на оние кои повикуваат на примирје, но го повтори тврдењето дека Путин нема да застане на Украина и дека „луѓето ширум светот мора да разберат дека Украина нема да биде последната цел на Русија“.

Би можело да ве интересира

Погодени холандската и австриската амбасада во Киев: Руски напад оштети дипломатски објекти

ВИДЕО: Зеленски откри детали за нападот на Кримскиот мост

ВИДЕО: Украина го повторно го нападна Кримскиот мост, силни експлозии во Киев, погодени два големи моста

ВИДЕО: Украина го погоди Кримскиот мост

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зеленски: Онеспособивме повеќе од 55 отсто од руските капацитети за преработка на нафта

Катерина Ѓуровски

Четири земји одбиваат да ја финансираат Украина, Германија се заканува со блокада на буџетот на ЕУ