Босфорскиот мост доби ново име-Мостот на шехидот 15 јули

Од:

Премиерот на Турција Бинали Јилдирим изјав вечерва дека Босфорскиот мост во иднина ќе се вика “Мостот на шехидот 15 јули“ во знак на сеќавање на настраданите при обидот за воен удар.

Јилдирим ова го изјави по седницата на Владата со која претседаваше претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.
Тој и најави дека во Анкара и Истанбул че бидат поставени споменици на цивилите кои погинаа во текот на неуспешниот воен пуч, кога беа убиени над 200 луѓе.

Босфорскиот мост беше местото на најголемите судири помеѓу дел од војската и граѓаните.

Босфорскиот мост е еден од двата најголеми моста во Истанбул, кој ги спојува европскиот и азискиот дел од градот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драма во Анталија: Пукање во владина зграда, напаѓачот се заклучи внатре, специјалните сили ја опколија зградата

ВИДЕО: Узбуна во НАТО базата Инџирлик во Турција

Иранска балиситичка ракета соборена во воздушниот простор на Турција

Фидан: Израел провоцира конфликти, спроведувајќи експанзионистичка агенда

Турција се плаши од хаос и бран бегалци од Иран

Горан Наумовски

Иранска балистичка ракета лансирана кон Турција соборена од воздушната одбрана на НАТО