Бислимоски: Прекинот на струја во дел од регионот ја потврди неопходноста од инвестиции во енергетиката

Од:

Активирани се сите механизими за да не се почувствува и кај нас домино ефектот од прекинот на струја што денеска зафати дел од регионот, вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

Според него, РКЕ е во комуникација со преносните систем оператори и со регулаторните тела на земјите кои се засегнати од оваа состојба.

Денешниот прекин на електрична енергија во Црна Гора, БиХ и делови од Хрватска е уште една потврда, оцени Бислимовски, дека инвестициите во енергетскиот сектор се клучни и дека мора да бидат приоритет.

– Денешната главна вест во регинот за тоа дека речиси цела Црна Гора и Босна и Херцеговина и дел од Хрватска се останати без струја е само потврда дека инвестициите во енергетиката мора да бидат број еден приоритет. МЕПСО ги има активирано сите механизим за домино ефектот да не се почувстува и кај нас. Не така далеку беше кога земјава, регионот се соочи со „блек аут“ (колапс на електричната мрежата). Во комуникација сме со преносните систем оператори, како и со регулаторните тела на земјите кои се засегнати од оваа состојба. Енергетиката е испреплетена како крвните садови во човековото тело. Ќе повторам: инвестиции, инвестиции и само инвестиции се неопходни, изјави Бислимоски.

Денеска без струја беа речиси цела Црна Гора, делови од Хрватска и БиХ. Попладнево постепено почна напојувањето со електрична енергија.

Повикувајќи се на неофицијални информации од хрватскиот преносен систем оператор, хрватската новинска агенција ХИНА јави дека дефектот на електроенергетската мрежа се случил во три земји, прво почнал во Црна Гора, потоа прекинот на струја ја зафатил БиХ, а потоа и дел од Хрватска – цела Далмација, до Риека, наводно до трафостаницата Бриње.

Би можело да ве интересира

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 5.9.2025 изнесува 110,76 евра за мегават час, на МЕМО 88,22 евра за мегават час

Електродистрибуција: Чекаме одобрение од противпожарната бригада за да пуштиме струја

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 15.08.2025 изнесува 73,22 евра за мегават час, на МЕМО 83,07 евра за мегават час

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за петок 08.08.2025 изнесува 77,96 евра за мегават час, на МЕМО 71,63 евра за мегават час

„Гугл“ и „Фејсбук“ ќе купува струја од Македонија, најави Мицкоски

Горан Наумовски

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата денеска изнесува 95,91 евра за мегават час, на МЕМО 86,07 евра за мегават час