Бен Гвир: Критикувањето на Владата на Израел за нејзиното справување со заложниците му одговара на Хамас

Од:

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир денеска изјави дека критиките на Владата на Израел, поради нејзините постапки во врска со преговорите за ослободување на заложниците кои ги држеше Хамас, одговараат на пропагандата на таа палестинска терористичка група.

На овој начин, Бен Гвир ги отфрли критиките упатени кон израелската влада откако израелските одбранбени сили (ИДФ) открија тела на шест заложници во Појасот Газа, објави „Тајмс оф Израел“.

„Да бидеме јасни: терористичката организација Хамас и само Хамас ги уби заложниците. Оние кои ја обвинуваат израелската влада ја повторуваат пропагандата на Хамас“, рече Бен Гвир.

Би можело да ве интересира

Началник на израелската армија: Ни се заканува колапс на армијата

Медиуми: Венс му се развика на Нетанјаху.. „Му ја продаде приказната на Трамп…“

Мерц за САД и Израел: Некои работи ни се нејасни

Израелската армија е пред колапс: „Немаме доволно војници“

Израел: Целта ни беше срцето на Техеран

Израел се откажa од елиминирање на иранските функционери: „Нема да остане никој за да се разговара“