Баербок: Преговорите меѓу Русија и САД се во ќорсокак

Од:

Германската министерка за надворешни работи Аналена Баербок денеска во Киев изјави дека САД не треба да бидат заведени од, како што ја нарече, „тактиката на одложување“ на рускиот претседател Владимир Путин.

„На претстојниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО, јасно ќе и ставиме до знаење на американската страна дека не треба да учествуваме во тактиката на застој на Путин“, рече таа во изјавата објавена по нејзиното ненајавено пристигнување во главниот град на Украина.

Шефовите на дипломатиите на земјите членки на НАТО се среќаваат во четврток и петок во Брисел.

Кремљ вчера соопшти дека Русија и САД работат на идеи за можно мировно решение во Украина и градат билатерални односи, иако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „лут“ на Путин.

Баербок, член на владата на германскиот канцелар во заминување, Олаф Шолц, рече дека сега е уште поважно безусловната поддршка на Украина бидејќи преговорите меѓу Русија и САД се во „ќорсокак“.

Путин „се преправа дека е подготвен за преговори, но тој не се помрднува од својата позиција (ниту) за милиметар“, додаде таа.

Би можело да ве интересира

Иран го потврди нападот врз Димона: „Новите системи за лансирање ќе ги зачудат САД и Израел“

(ВИДЕО) Иран брутално нападна: Ракета падна до главниот нуклеарен објект на Израел

Предраг Петровиќ

Лавров: „САД се подготвени за државни удари, апсења или убиства на странски шефови на држави“

Јапонската премиерка стана вирален хит поради фотографија за време на вечерата во Белата куќа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Иран испали балистички ракети кон базата Диего Гарсија во Индискиот океан

Катерина Ѓуровски

Вашингтон го разгледува најопасното сценарио, ќе праќа копнени сили во Иран