Зверев почна со тешка победа во Лондон

Од:

Германскиот тенисер Александар Зверев со победа го почна своето учество на финалниот АТП турнир во Лондон.

Во натпреварот од првиот круг од групата „Густаво Куертен“, Зверев триумфираше по два тајбрејка (7:6 (5), 7:6 (1) над хрватскиот тенисер Марин Чилиќ, во натпревар кој траеше два часа и девет минути.

Подоцна денеска се игра вториот натпревар од групата, каде што лидерот на АТП листата, Новак Ѓоковиќ (Србија) се среќава со Американецот Џон Иснер.

Во вчерашните дуели, Кевин Андерсон отвори со победа против Доминик Тим, додека Кеј Нишикори изненадувачки го совлада Роџер Федерер.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Во Мелбурн го „пецнаа“ Зверев за девојката со која има дете

А1он

ВИДЕО: Зверев е прв полуфиналист на Австралија опен, го чека победникот од мечот Ѓоковиќ-Алкараз

Зверев и Пол во третото коло на Австралија Опен

Зверев е на чекор до претекнување на Ѓоковиќ

Александар Зверев се пласираше во осминафиналето на тенискиот турнир на Олимписките игри

Зверев за малку избегна дисквалификација, направи нешто што не смееше

Предраг Петровиќ