Зошто спортот во Македонија разединува наместо да обединува?

Од:

Македонски спортски асови во фудбал и ракомет, Артим Шаќири и Гордана Нацева дискутираа на тема:„Зошто спортот во Македонија разединува наместо да обединува”,  во рамките на дебатата што се одржа во Општина Тетово во организација на здружението „ДиверзитиМедиа”.

Најмногу се разговараше за овогодишното финале на Купот на Македонија во фудбал меѓу двата тетовска клуба Тетекс и Шкендија, кога првиот натпревар беше прекинат поради навредливото и националистичкото навивање на навивачките групи, а вториот натпревар се одигра без публика, како и за финалето на ракометниот куп.               

Тренерот на Шкендија, Артим Шаќири, смета дека виновниците за навредливото скандирање од трибините требало да бидат лоцирани и казнети од надлежните институции, а финалето, сепак, требало да се доигра.

sportotzblizuva

„Сум присуствувал на многу натпревари каде што имало навреди, но тоа што се случи на финалето на Купот на 22 мај во Скопје навистина беше премногу и на фудбалерите не им се дозволи да го доиграат натпреварот. И  покрај сè, сметам дека без публика нема вистински натпревар, бидејќи втората средба неколку дена подоцна без публика на стадионот повеќе изгледаше на пријaтелски или тренинг-натпревар одошто на едно финале на Куп“, изјави Шаќири.

Според нашата поранешна репрезентативка во ракомет Гордана Нацева, потребно е да се изнајдат вистински начини за спортот да прерасне во фактор на обединување, а не на разединување.

„За мене ова е еден аларм, сигнал што се праќа преку спортот до сите нас дали навистина сме обединети не само во спортот туку и во секојдневното живеење, бидејќи спортот е негова рефлексија. Би била тажна ако навистина сме разединети во секојдневниот живот, со два клуба од Тетово – едниот од етнички Албнци, другиот од Македонци“, смета Нацева.

Според Назми Рашиди од Диверзити Медиам, нивната организација се труди преку организација на вакви јавни дебати да повлијае кон подобрување на меѓуетничките односи и поттикнување и засилување на општествениот активизам низ Македонија.

Г.М.

Би можело да ве интересира

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa