ЗОИ 2026: Женскиот хокеарски тим на Швајцарија во изолација поради норовирус

Од:

Швајцарскиот женски хокеарски тим на Олимписките игри 2026 година е итно ставен во изолација откако една од играчките беше позитивна на норовирус, соопшти Швајцарската хокеарска федерација (SHF).

Позитивниот случај е откриен по натпреварот со Чешка, кој Швајцарија го доби со 4:3, а непосредно пред церемонијата на отворање на Игрите. Заразената хокеарка веднаш е изолирана, а целиот тим е ставен во карантин како мерка на претпазливост, по препорака на медицински експерти. Засега не се идентификувани други заразени во тимот.

Поради карантинот, Швајцарките ја пропуштија церемонијата на отворање и ќе мора да го одложат следниот натпревар против Канада, закажан за вечерва од 21:10 часот.

Ова е втор случај на норовирус на Олимпискиот турнир во женски хокеј. Претходно вирусот беше откриен во тимот на Финска, што доведе до одложување на нивниот натпревар против Канада.

Швајцарската федерација истакна дека ќе продолжи да ги следи здравствените состојби на хокеарките и дека ќе ги преземе сите потребни мерки за безбедност на спортистите.

Би можело да ве интересира

Златен медал од ЗОИ 2026 чини 2.200 долари – пред две години беше околу 1.000

А1он

Вознемирувачко видео: Полска лизгачка ќе останеше без око на ЗОИ 2026

А1он

Украинците го бојкотираат отворањето на Параолимписките игри – и Русите ќе бидат таму

А1он

Прво злато за Бразил на една зимска Олимпијада

А1он

Историја на ЗОИ 2026 – мајка и син првпат настапуваат на иста Олимпијада

А1он

Зеленски го одликуваше дисквалификуваниот украински олимпиец кој санкаше со посебна кацига

А1он