Каратистот Дејан Недев стана Европски шампион во куми-борби за сениори со што го постигна најголемиот резултат во историјата на македонското карате, соопшти Македонската федерација за традиционално карате.
Недев во финалето го совлада повеќекратниот европски и светски шампион Италијанецот Леоне Матео, кој го освои второто место. Третото место го поделија преставниците на Србија и Чешка.
Ова за Недев е второ злато од официјалните европски првенства, по првиот освоен златен медал во 2011 година во кумите-борба на Европскиот шампионат во Ерусалим.
Мила Саздова освои златен медал во кадетска конкуренција. Ова е прв златен медал за Саздова од официјалните европски првенства. Второ место и припадна на репрезентативката на Словенија, а третото место на преставничката на Србија.