Златен и бронзен медал на Медитеранското првенство во карате во Анталија

Од:

На 27-мото Медитеранско првенство во карате за кадети, јуниори и постари јуниори У21, Фахик Весели освои злато во категоријата У21 до 67 кг, а кадетот Бојан Костов во категоријата до 52 кг освои бронзен медал.

Од вкупно осум наши натпреварувачки Доан Османи во категоријата У21 до 75 кг го освои петтото место, во категоријата ката јуниорката Владанка Аврамова го освои петтото место, а Јована Манчевска исто така петто место во категоријата ката кадети.

Во рамките на Медитеранското првенство се одржа и Конгрес на МКФУ на кој Горан Милковски беше избран за член на Извршниот комитет со мандат од 4 години, а претседател останува Becir Sherif од Тунис кој е и потпретседател на Светската карате федерација.

Би можело да ве интересира

Недеви на карате семинар во Глазгов, Шкотска

Пет медали за Македонија на Балканското карате првенство – златен за Марко Џорлев

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска

Реакција од Д-р. Бошко Заборски, тренер на македонскиот најтрофеен карате клуб „Макпетрол“-Скопје