Зимски јуниорски шаховски камп на Ш.К. Алкалоид, Кирил Николовски на делба на второ место во Параќин

Од:

Слободните денови од зимскиот распуст за учениците беа искористени за нови подготвителни активности за младите шахисти на ШК Алкалоид.

Согласно проценките на тренерите беа формирани четири групи со играчи кои се сметаат како напредни во своите генерациски класи. Клупските простории во центарот на Скопје беа локацијата за одржување на зимските кампови.

Предавачи беа лиценцираните ФИДЕ тренери, велемајсторите Трајко Недев, Звонко Станојоски, Драгољуб Јаќимовиќ и Влатко Богдановски, како и интернационалниот мајстор Дејан Стојановски.

– Ова се младинци кои веќе се во шаховските води повеќе од пет години и имаат поминато голем број на тренинзи и едукации, па во однос на програмата за работа главен акцент беше ставен во анализата на сложените позиции. Факторите за оценување на позицијата во такви услови подразбираат континуирано барање на одговори за прашањата кои се наметнуваат при одредени структури. Работевме четири дена и сметам дека поставивме добра база за унапредување на играта низ подлабоки анализи и владеење со позициите, како и реализација на предност во завршници – рече ВМ Трајко Недев, кој работеше со постарите јуниори.

– И кај групите на помлади шахисти со понизок рејтинг клубот реши да инвестира во нивниот подем, бидејќи цени дека тие се оние кои покажале најмногу досега и би требало да бидат носители на играта во своите старосни категории на јуниорските државни првенства. Кампот беше искористен за потсетување на главните принципи за напредок во шаховската игра, почнувајќи од она што се случува на самата табла како анализа, определување на кандидат потези и носење одлуки во клучни моменти, но исто така разговаравме и за теми кои современата психологија ги сугерира при занимавање со спорт и шах, како и поттикнување на самостојната работа во домашни услови,- вели ИМ Дејан Стојановски.

Актуелниот младински првак до 14 години, Кирил Николовски веднаш по кампот во Скопје замина на меѓународниот отворен турнир во Параќин, каде што настапуваше на „Б“ турнирот за играчи со рејтинг до 2.000 поени. Со пет победи и четири ремизирани партии, но без пораз, тој се најде на делба на второто место заедно со кинеската млада шахистка Јункинг Жао, што претходно ја победи во директен дуел. Николовски беше најуспешен од шест македонски претставници кои учествуваа на овој турнир.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Се одржа првата регионална конференција под покровителство на Becutan „Родителството некогаш и денес“

А1он

Прва регионална Becutan конференција во Скопје: „Родителството некогаш и денес“

Генералниот директор на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, панелист на Првата годишна конференција на „Блумберг Адрија“

Алкалоид со пласман во следна фаза на ЕХФ Купот, повторно падна литванска Клаипеда

А1он

Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон

„Алкалоид“ повторно дел од најреномираниот глобален фармацевтски собир CPhI