Зидан подготвил 85 милиони евра за Мане

Од:

Зинедин Зидан продолжува со селекцијата и според медиумите во Шпанија, ова лето тој ќе се обиде да го привлече најдобриот стрелец на Ливерпул, Садио Мане.

Французинот е импресиониран од 26-годишниот фудбалер на „црвените“ и, според „Марка“, веќе подготвува понуда од 85 милиони евра.

Се верува дека трансфер цел број 1 на Зизу е Еден Азар од Челзи, но „сините“ можеби нема да сакаат да се разделат со ѕвездата поради трансфер-ембаргото. Па така легендата на Реал се свртел кон Мане.

Сенегалецот има одлична сезона, откако досега постигна 20 гола, колку што одбележа и Мохамед Салах. Мане имаат договор за уште 4 години со тимот од „Енфилд“, но при висока понуда, тимот на Јирген Клоп може да размисли за продажба.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он