Зидан: Можеме да бидеме горди на тоа што го постигнавме

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан зборуваше позитивно за перформансите на тимот во повратниот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Манчестер Сити.

„Кралевите“ загубија по втор пат со 1: 2 од „граѓаните“ и го напуштија турнирот, но Зидан ја пофали играта на играчите вчера, како и во текот на целата сезона.

– Не можеме да бидеме среќни откако испаднавме, но треба да бидеме горди на она што го сторивме. Сега не е време да се правдаме. Ние загубивме, но важно е што сум горд на напорите на тимот. Загубивме во двата натпревара, така што нашиот противник продолжува да се движи напред заслужено. Во второто полувреме, кога беше нашиот најсилен период, пропуштивме да постигнеме втор гол. Грешките на Варан? Мора да се задржи мирот. Како и за 95% од останатите играчи, сезоната беше импресивна за него. И јас нема да го менувам мислењето. Во принцип, испраќаме многу успешна сезона, иако не ја завршуваме на најдобар можен начин, рече Зизу по мечот.

Би можело да ве интересира

На фудбалер на Реал му се заканува затворска казна – препраќал порно видеа со малолетници

А1он

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти оди со 23 играчи за дуелот против Манчестер Сити во Лигата на шампионите

(ВИДЕО) Прв хет-трик на Мбапе во дресот на Реал Мадрид

А1он

Анчелоти пак го брани Винисиус: Два меча суспензија е премногу!

А1он

Анчелоти: Ќе поднесеме жалба поради исклучувањето на Винисиус, не беше за црвен

А1он

(ВИДЕО) Мбапе за Модриќ: Па тој има повеќе трофеи од јас што имам години!

А1он