Жуниор Реис Родригез официјално нов играч на Вардар

Од:

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го официјализираше првото засилување за зимскиот преоден рок. Бразилскиот интернационалец Леовигилдо Жуниор Реис Родригез, е нов фудбалер на „црвено-црните“.

„Жуниор го стави потписот на договор кој е во траење на една година, со можност истиот да се продолжи на плус уште една година. Тој дојде од екипата на Македонија Ѓорче Петров, има 23 години и игра на позицијата лев бек“, објави Вардар на клупскиот сајт.

„Среќен сум што станав дел од Вардар. Знам дека се работи за најдобриот клуб во Македонија, најтрофејниот тим, и чест ми е што можам да играм во Вардар. Ќе дадам се од себе екипата да бележи добри резултати, да освојува бодови, и секако се надевам на освојување на шампионската титула уште оваа сезона“, изјави Жуниор.

Новиот фудбалер веќе е со екипата на подготовките во Аланија, Турција каде што веќе настапи на првите два контролни натпревари. Бразилецот вели дека е одлично примен и очекува добри подготовки и успеси во пролетниот дел.

„Добро се вклопувам во новата средина, и одлично сум примен од новите соиграчи. Сега останува добро да работиме и да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната. Се надевам на добри игри и на добри резултати во вториот дел од сезоната, и се разбира посакувам прво место на крајот“, додава новото засилување на „црвено-црните“.

Би можело да ве интересира

Вардар повторно има нов тренер

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пелистер славеше над Вардар и го закова на дното

Комити бараат новиот газда на Вардар да го смени Миленко Неделковски

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Новоматик Македонија ќе го финансира ФК Вардар со еден милион евра годишно

Катерина Ѓуровски

Комити им се заканија на Арсовска и на Славески: Исплатете ги парите или ќе се радикализираме

ФК Вардар доби свој дом во Аеродром, пуштен во употреба новиот фудбалски терен наменет за младинската школа на клубот

А1он