Претседателот на Рускиот олимписки комитет Александар Жуков ја оцени како неправедна неодамнешната одлука на Интернационалниот олимписки комитет, според која руските спортисти можат да учествуваат на Зимските олимписки игри во 2018 година во Пјонгчанг само како „олимписки спортисти од Русија”.
– ИОК донесе невидена одлука со која им се оневозможува на нашите спортисти да се натпреваруваат под своето знаме. Со ваквиот пристап, ИОК го воведува принципот на колективна одговорност. Логиката на одлуката покренува големи сомнежи. Не може да им се забрани на сите наши спортисти правото да учествуваат на Игрите под знамето на својата земја и не е во ред да се забрани интонирање на нашата химна, изјави Жуков.
Меѓународниот олимписки комитет Одлуката за суспензијата на руските спортисти ја донесе врз основа на доказите за систематски повеќегодишен допинг под закрила на државата.
Зимската Олимпијада во Пјонгчанг ќе се одржува од 9 до 25 февруари.