ЖРК Вардар со две нови засилувања

Од:

Македонскиот ракометен шампион ЖРК Вардар во новата сезона со две нови засилувања. Станува збор за бекот Сања Дамјановиќ и пивотменот Андреја Човиќ.

Како што информираше денеска на прес-конференција Гордана Нацева, во клубот оваа сезона ќе има само две нови засилувања и дека е задржана основата, при што Човиќ и Дамјановиќ полесно ќе се вклопат во тимот.

Дамјановиќ истакна дека е задоволна што е дел од, како што рече, голем клуб како што е Вардар и дека ќе даде се од себе за остварување на целта.

– Најголема желба ми е да го освоиме пехарот на Лигата на шампиони и ќе дадам се од себе да ја оствариме таа цел, додаде Дамјановиќ.

Репрезентативката на Хрватска, Човиќ нагласи дека е голема чест да се игра за Вардар и дека е задоволство да се игра со играчи како што се Радичевиќ, Пенезиќ…

Тренерот Индира Кастратовиќ информираше  дека  ракометарките во понеделник заминуваат на подготовки во Франција каде ќе имаат пријателски натпревари со Флори, потоа на турнир во Букурешт и на крај во Скопје на новиот турнир во организација на Вардар.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска