Македонскиот женски ракометен шампион ЖРК Вардар СЦБТ во својот состав придодаде уште две нови ракометарки за претстојната сезона. Станува збор за две руски ракометарки: Олга Черноиваненко и Алена Ихнева, кои доаѓаат од екипата на Лада Тољати. Се очекува новите ракометарки да ја зголемат конкуренцијата во тимот.
Черноиваненко (25 години) потпиша двегодишен договор и игра на десната крилна позиција, додека Ихнева (неполни 19 години) игра на позиција лев бек и потпиша тригодишен договор.
Почетокот на подготовките за новата сезона избраничките на тренерот Индира Кастратовиќ ќе го имаат на 30. јули. „Црвено-црните“ ракометраки најпрвин ќе се подготвуваат во Скопје, потоа во Австрија, а ќе учествуваат и на турнир во Унгарија.