ЖРК Вардар против Турингер „брка“ шест од шест

Од:

Европскиот вицепрвак Вардар е на чекор од исполнување на планот, да го заврши првиот дел од Лигата на шампионите со максимални шест победи.

На досегашните пет средби Вардар има пет победи, а во 6. коло вечерва игра со Турингер од Германија.

Вардарки обезбедија пласман во следната фаза уште од порано, а со триумф на вечерашниот дуел ќе пренесат осум бода во следната фаза од елитното натпреварување.

Таму ЖРК Вардар ќе игра во јануари и февруари 2018 уште шест натпревари со првите три екипи од Д групата.

Турингер се надева дека ќе може да помине во следната фаза, дури и со пораз од Вардар. Се ќе зависи од неделниот натпревар меѓу Ларвик и ФТЦ. Норвежанките исто така мора да освојат бодови ако сакаат да одат натаму.

Почетокот на натпреварот Вардар – Турингер е закажан за 19 часот во СЦ „Јане Сандански” во Скопје.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Вујовиќ: Ова ќе биде натпревар кој и тие и ние мораме да го добиеме

Ана Ололовска

Вујовиќ: Повторно бевме блиску, а останавме без поени

Ана Ололовска

Вујовиќ: Вардар не е оној од шампионските денови, но мораме да ја прекинеме серијата порази

Ана Ололовска

Вујовиќ: Грешките во вториот дел нè чинеа пораз

Ана Ололовска