Екипата на ЖРК Вардар вечер од 18 часот гостува кај ЦСМ Букурешт во дуел од 4.коло втора фаза од Лигата на шампионите.
Романскиот клуб е директен конкурент на македонскиот првак за третата позиција на табелата во групата 2, која носи условно кажано полесен противник во разигрувањето. Вардарки имаат бод повеќе од противникот.
– Останаа уште три натпревари, а ние се подготвуваме да победиме на сите нив. Значи не правиме никакви калкулации, но секако, како и секој тим сакаме да бидеме повисоко на табелата. Второ, можеби трето место, но никако не би сакала да бидеме четврти. Букурешт и во Скопје покажаа дека е квалитетна екипа, меѓутоа ние се подготвувавме за нив и мислам дека клучот за добар резултат ќе биде нашата одбрана. Не одиме да само колку да отидеме во Букурешт, изјави Индира Кастратовиќ, шеф на стручниот штаб на ЖРК Вардар.
На првиот меѓусебен дуел одигран во Скопје, ракометарките на Вардар победија со 22:21.