ЖРК Вардар го добива ривалот за полуфиналето

Од:

Ракометарките на ЖРК Вардар денеска ќе го добијат ривалот за полуфиналето на завршниот турнир што на 9 и 10 мај ќе се игра во Будимпешта. Сите четири екипи ќе бидат во ист „шешир“ што значи дека нема ограничувања при извлекувањето на двојките.

Минатата година ЖРК Вардар играше против Будуќност во полуфиналето и воедно овие два тима беа и учесници на ланскиот „Ф4“ за разлика од Ларвик и Динамо Синара.

Во групната фаза ЖРК Вардар одигра натпревари со Будуќност: пораз и нерешено (17:23 / 24:24), додека со Динамо Синара имаа победа дома и пораз на гости (28:27 /и 25:33). Будуќност постигна две победи против Динамо (25:18 / 26:18). Ларвик победи на сите натпревари оваа сезона во Лигата на шампионите, додека Будуќност единствено со ЖРК Вардар одигра нерешено.

Извлекувањето на двојките за полуфиналето ќе се одржи во Будимпешта, а почетокот е во 11 часот.

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска