Ракометарките на ЖРК Вардар единствени со максимални шест победи го завршија првиот дел групна фаза од Лигата на шампионите.
Во следната фаза од натпреварувањето по три екипи од секој од четирите групи ќе формираат две нови групи, кои ќе бидат дел од „главната фаза“.
Вардарки како првопласирани завршија во групата Ц и ќе „вкрстат“ со трите првопласирани екипи од групата Д. Тоа се екипите на: Мец, Битингхајм и Будуќност.
Попладнево се играат последните пет дуели од 6.коло, но познато е дека само ЖРК Вардар во следната фаза ќе пренесе максимални осум бодови.
Со оваа предност европскиот вицепрвак ЖРК Вардар ќе има големи шанси за освојување на првото место во групата и пласман во четвртфиналето.