Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска го објави списокот со тимови кои се пласирани во групната фаза како шампиони на своите земји и благодарение на својот рејтинг, како и списокот со тимови кои мора да играат квалификации за да влезат во елитното друштво.
Македонскиот првак ЖРК Вардар се наоѓа во списокот со 14 екипи кои директно одат во групите, а за останатите две места ќе се борат осум екипи на два квалификациски турнира.
Кои ќе бидат противниците на „црвено – црните“ ќе биде познато на 26 јуни кога ќе се одржи жрепката во Виена.
Екипи кои директно се најдоа во групната фаза: Вардар, Ференцварош, Будуќност, Ларвик, Митјиланд, Крим, ЦСМ Букурешт, Турингер, Ростов-Дон, Савехоф, Хипо, Подравка, Флери и Љублин.
Екипи кои ќе играат квалификации: Ѓер, Есбјерг, Белаз Минск, Серкодак, Раднички, Анкара, Гласверкет и Баиа Маре.