Ракометарките на Металург ќе играат вечерва во финалето на женската регионална лига. Противник во борбата за пехарот ќе им биде ланскиот шампион на ова натпреварување Будуќност.
Вчера двете екипи постигнаа победи против хрватските екипи Подравка односно Локомотива Загреб.
Металург направи изненадување совладувајќи ја првопласираната Подравка од лигашкиот дел со 28:26. Најпрецизни со по шест голови беа Симона Грозданоска и Мирјета Бајрамовска, додека голманот на Металург, Иаломитеану имаше 14 одбрани.
Во второто полуфинале Будуќност ја победи Локомотива со 32:15, а македонската репрезентативка кај Будуќност и поранешна ракометарка на Металург, Елена Ѓорѓиевска постигна три голови.
Завршниот турнир се игра во Тиват, а финалето почнува во 19 часот.
Како предигра во дуелот за 3.место ќе настапат Подравка и Локомотива.