ЖРК Металург ги заврши настапите во КПК

Од:

Женската ракометна екипа на Металург со два пораза ги заврши настапите во Купот на победниците на куповите. Попладнево во реваншот од 2. коло данската екипа Одензе славеше победа со 30:17 (17:8) и со вкупни 60:41 обезбеди пласман во следната рунда каде за противник ќе ја има француската екипа Дижон.

На денешниот натпревар најефикасна беше Надија Офендал од Одензе со 7 голови, додека кај ЖРК Металург Душица Георгиевска постигна 4. Поради повреда и на овој натпревар како и на првиот во редовите на тимот од Автокоманда не се појави Мирјета Бајрамовска.

Од македонските екипи вечерва настап ќе имаат и ракометарите на Зомимак од Струмица. Тие во рамките на 2.коло го играат првиот натпревар од квалификациите од ЕХФ купот, а гостуваат кај Макаби Тел Авив во Изреал. 

Би можело да ве интересира

Македонските ракометарки во група со Шпанија, Литванија и Азербејџан во квалификациите за ЕП2024

Ана Ололовска

Шпанија, Германија, Данска и Бразил се пласираа во четвртфиналето на ракометното СП

Ана Ололовска

Минимален пораз за македонските ракометарки на гостувањето во Црна Гора

Ана Ололовска

Мојсовски: Со златните ракометарки, македонскиот ракомет има светла иднина

Ана Ололовска

Пинк ќе ја плати казната на норвешките ракометарки кои одбија да играат во бикини

Ана Ололовска

Македонските ракометарки го победија Косово, но не изборија полуфинале на ЕХФ турнирот во Скопје

Ана Ололовска