Лидерот на Либерално демократската партија на Русија Владимир Жириновски го нарече Фабио Капело алчен крадец. Рускиот националист смета дека е голема навреда за сите Русите елиминацијата на нивната репрезентација уште по групната фаза на СП во Бразил.
– Русија освои само два бода. Тоа е заслуга на лошиот селектор. Тој не е човек кој треба да биде наш предводник. Мора да сме слепи при очи и да не гледаме кој ни ја води репрезентацијата. Во него нема борбен дух воопшто, изјави Жириновски.
Рускиот политичар упати порака до одговорниот во комитетот за спорт веднаш да му врачи отказ на Капело.
– Или отказ за него или ќе барам оставка од Италијанецот. Мора да му се побара извештај и оставка. Сепак тој е алчен и нема да го стори тоа. Ќе си ги земе своите седум милиони евра и баш му е гајле. Замислите, репрезентацијата доживеа катастрофа, а тоа не се одразува на неговата плата. Крадец, потенцира на крајот 68-годишниот Жириновски, а пренесуваат руските медиуми.