Жестока реакција на Вучиќ: Процесот изгледаше како „лов на вештерки“

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ имаше жестока реакција на случувањата поврзани со Новак Ѓоковиќ во Австралија. Тој рече дека разговарал со тенисерот и оти со нетрпение очекува да го види во Србија.

„ 10 дена го малтретирате најдобриот тенисер и по 10 дена му ја врачувате истата одлука што сте ја донеле уште првиот ден. Не го пониживте Ѓоковиќ, туку самите себе. Да кажевте дека невакцинираните не може да влезат, Новак или ќе се вакцинираше или воопшто немаше да оди. Видовте и во бесмислениот судски процес колку лажеше обвинителството. Рекоа дека во Србија има помалку од 50 проценти вакцинирани. Тоа не е точно, бројката е 58 посто што е многу повеќе од некои земји во ЕУ. Ние со австралиските спортисти нема да се оденсуваме како што се оденсуваат тие со Ѓоковиќ. Ќе покажеме дека сме подобри од австралиската влада“ – изјави Вучиќ.

Ѓоковиќ го загуби спорот со австралиската влада откако судот на второт рочиште му ја одби жалбата на одлуката за укинување на визата. Засега нема точна информација кога тој ќе ја напушти Австралија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Александар Вучиќ ги изведе родителите на ручек: Среќен сум што ги имам!

А1он

Вучиќ: За 10 години направивме колку Тито, Милошевиќ и ДОС заедно

Вучиќ: Настрешницата не падна поради корупција

А1он

Ѓоковиќ го најави младиот Бразилец за свој наследник, а овој „му заби нож в грб“

А1он

Беретини го елиминира Ѓоковиќ во првото коло на турнирот во Доха

Ѓоковиќ остро за Синер: Земјотрес, oва е голем проблем за спортот

А1он